Севилја го купува Тадиќ од Саутемптон?

Шпанскиот прволигаш Севилја е сериозно заинтересиран за српскиот интернационалец Душан Тадиќ и ќе се обиде да го доведе на „Санчез Пижуан“ во летниот преоден рок. Тој игра одлично оваа сезона во дресот на премиерлигашот Саутемптон, но токму затоа е и на око на најголемите европски клубови. За него интерес покажаа и Баерн Минхен и Атлетико Мадрид, но Севилја е веќе конкретна и, според шпанските медиуми, подготвила понуда за негов ангажман.

Раководството на Севилја е подготвено да плати 17 милиони евра за да го доведе Душан Тадиќ во својот клуб. Со оглед дека речиси сигурно овој тим и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, тоа може да биде и дополнителен предизвик за Србинот да си замине од Премиер – лигата и да се пресели во Примера.

Се вчитува...