Севилја го најде лекот – „жолтата подморница“ потопена по три месеци

Севилја триумфираше со 2-0 над Вилјареал на првиот меч од последното овогодишно коло во Ла Лига, прекинувајќи ја извонредната серија на „жолтата подморница“, која беше без пораз на последните 12 средби од шпанското првенство.

Вилјареал последниот неуспех го имаше на гостувањето на „Камп Ноу“ против Барселона (4-0, на 27 септември), по што следеше серија одлични игри на тимот на Унаи Емери. Сепак, Севилја беше тимот што покажа повеќе на денешниот дуел на „Санчез Пизхуан“, домаќините поведоа со пеналот на Џордан по играњето со рака на Фојт, а конечните 2-0 ги постави Ен Несири, со одлично реализиран контранапад.

За Севилја ова беше трет триумф во последните четири кола, со што избраниците на Лопетеги фаќаат приклучок со водечките екипи на табелата.

Се вчитува...