Севилја го враќа Серхио Рамос дома – петгодишен договор, 7 милиони евра и функционерско место

Една од најголемите саги во светот на фудбалот во изминатиот период е договорот на Серхио Рамос со Реал Мадрид кој истекува на крајот на месецот. Шпанецот сеуште чека добра понуда од „кралскиот клуб“ која ќе биде со важност поголема од една година, а во меѓувреме Севилја се обидува да го врати некогашниот играч во своите редови.

Примамливата понуда на Севилја опфаќа пет годишен договор што значи дека Рамос би можел да игра фудбал до 41. година, притоа плата од 7 милиони евра по сезона и функционерска улога од оној момент кога ќе се одлучи да ја заврши својата кариера, пренесуваат шпанските медиуми.

Дали Рамос ќе се врати на стадионот „Рамон Санчез Пизхуан“ како херој или пак доколку не најде заеднички јазик со Реал Мадрид ќе заврши во редовите на ПСЖ и Манчестер Јунајтед останува да видиме.

Се вчитува...