Севилја стигна до победа на домашен терен против Гранада од 2-1 во 32. коло во шпанската Ла лига. Иван Ракитиќ во 16. минута од пенал донесе водство за домаќините, додека на 2-0 зголеми Лукас Окампос во 53. минута. До крајот гостите преку Солдадо во 90. минута успеаја само да го ублажат поразот.
Севилја останува на 4. позиција на табелата со 70 бода, додека Гранада е на осмото место со 42 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА