Севилја му врачи отказ на тренерот Берицо

Раководството на шпанската Севилја се одлучи да му врачи отказ на актуелниот шеф на стручен штаб, Едуардо Берицо.

„Бордот на директори на Севилја донесе одлука да го отпушти тренерот Едуардо Берицо, поради лошите игри и резултати на тимот. Севилја сака да му се заблагодари на Берицо за неговиот професионализам, и за се што направи за тимот досега. Веќе се стартува разговори за ангажман на нов тренер кој би се приклучил веднаш на почетокот од следната недела“ – се вели во информацијата од Севилја.

Според шпекулациите во дел од шпанските медиуми веќе во оптек се неколку кандидати за наследник на Берицо, но дефинитивно се очекува новиот тренер да биде Шпанец.

Се вчитува...