Севилја на колена, Атлетико им се врати на победите во Ла Лига (ВИДЕО)

Севилја вечерва доживеа пораз од Атлетико Мадрид во дербито од шпанската Ла Лига во рамки на 7-то коло.

Атлетико по малата криза успеа да се врати на победите. На овој пат ја донесе најпрво Маркос Љоренте во 29. минута, успевајќи да го измами противничкиот играч и да ја затресе мержата на домаќините.

Фудбалерите на Диего Симеоне и во вториот дел од мечот ја имаа топката под своја котрола. Средниот ред особено доминираше, а по ваквиот начин на игра следуваше уште гол, овојпат Алваро Мората стрелаше за 0-2 во 57. минута. Атлетико рутински одигра до крајот на овој дуел, обезбедувајќи победа за три бода на своето конто во ла Лига.

Standings provided by SofaScore

Се вчитува...