Севилја прв осминафиналист во Лигата на Европа

Шпанскиот тим Севилја е првиот осминафиналист во Лигата на Европа, елиминирајќи го италијанскиот калчолигаш Лацио. Составот на Пабло Мачин и во реваншот беше поуспешен од Лацио со 2-0 и заслужено обезбеди пласман во следната рунда од второто по ранг европско клупско натпреварување.

Висам Бен Једер во 20.минута донесе предност за тимот од Андалузија, а Пабло Сарабија во второто полувреме го потврди пласманот во следното коло. И двете екипи мечот го завршија со еден играч помалку. Фран Васкез и Адам Марушиќ беа исклучени во вториот дел од мечот.

Севилја славеше и на првиот меч во Рим со 0-1.

Се вчитува...