Севилја само до реми против Алавес

Фудбалерите на Севилја освоија само бод на гостувањето против Алавес играјќи 1-1, и со тоа направија чекор назад во трката за шампионската титула во Примера. Сега тимот на Хорхе Сампаоли доцни четири бода зад Барселона и три бода зад Реал Мадрид, кој има и натпревар помалку.

Бен Једер ги доведе гостите во водство во 23.минута, но Алавес успеа да израмни во второто полувреме. Александар Катаи ја искористи големата грешка на голманот Серхио Рико и ја затресе мрежата на Севилја во 75.минута од средбата.

All Goals & Highlights HD – Deportivo Alavés 1… by riqezi

Се вчитува...