Севилја се уште не се откажува од титулата во Ла лига (ВИДЕО)

Севилја стигна до минимален триумф над Валенсија од 1-0 во натпревар од 36. коло во Ла лига. Клучниот момент во мечот се случи во 66. минута кога Ен Несри на асистенција на Фернандо ги донесе трите бода за тимот од Андалузија.

Избраниците на Лопетеги остануваат на 4. позиција на првенствената табела со 74 бода, односно три помалку од лидерот Атлетико Мадрид кој има и натпревар помалку. Валенсија е 14. со 39 бода.

 

 

Се вчитува...