Севилја се врати на победите, во „битката“ за Лига Европа

По двата претходни меча, Севилја повторно се врати на победите во шпанската Примера триумфирајќи со 1-0 против Џирона пред своите навивачи во 23. коло.

Единствениот гол за три бода го постигна Жоакин Кореа во 46. минута од средбата. Претходно, во првото полувреме гостите не реализираа удар од белата точка во 41. минута преку Адај…

По оваа победа, Севилја со 36 бода повторно се проби пред Еибар на 6. место на табелата кое обезбедува настап во Лигата на Европа следната сезона.

Се вчитува...