Севилја во последните секунди до бод против Вилјареал (ВИДЕО)

Вилјареал и Севилја одиграа без победник 1-1 во натпревар од 35. коло во шпанската Ла лига. Домаќините повеќе ја посакуваа победата, но на крајот не успеаја да дојдат до неа, додека гостинскиот тим и тоа како беше задоволен со бод уште од почетокот на мечот.

Водство за домаќините од 1-0 донесе Ло Селсо во 86. минута, додека конечните 1-1 ги постави Кунде во последните секунди од натпреаврот. Севилја со овој бод останува на третата позиција на табелата и е многу блиску до осигурување на место во Лигата на шампионите следната сезона. Од друга страна Вилјареал сега е седми и го држи последното место кое води во Европа, во Конферециската лига.

 

 

Се вчитува...