Црвена Звезда потешко од очекувањата ја потврди фаворитската улога во натпреварот против Задар во 21. коло од АБА лига. Белградскиот евролигаш добро ја започна средбата, дозволи само десет поени на противникот во првата четвртина па се опушти и прими 31 до крајот на полувремето.
Белграѓани стигнаа до триумф, но на големо незадоволство на тренерот Јанис Сферопулос кој упати предупредувачка порака до своите кошаркари на пресконференцијата за медиуми.
„Добар натпревар, сакавме триумф, но не сум задоволен од начинот на кој игравме во одредени делови од средбата. Особено во втората четвртина во која дозволивме противникот да постигне 31 поен. Започнавме добро, противникот постигна само 10 поени, а потоа се опуштивме и тоа не ми се допаѓа.
Во продолжението игравме подобра одбрана, поведовме двоцифрено и победивме. Мораме да бидеме константни дефанзивно и офанзивно во големиот дел од средбата. Некои играчи мораат да сфатат каде играат и како треба да играат“, изјави грчкиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА