Шахистите одлични по четири кола на Олимпијадата во Узбекистан: На делба на 17. место од 150 земји учеснички

Македонската шаховска репрезентација продолжува со одлични резултати на Шаховската Олимпијадата во Самарканд, Узбекистан!

По четири одиграни кола, со 6 бода и три победи и еден пораз од силната Холандиј, македонската селекција е на делба на 17. место меѓу 150 земји учеснички.

Во 4. коло Македонија забележа висока победа од 3,5-0,5 против Ел Салвадор. Победи за Македонија поединечно остварија Златков, Лазов и Филип Панчевски, а на четвртата табла, Николовски ремизираше.

Во 5. коло денеска Македонија за противник ја има високорангираната Бугарија.

Женската шаховска селекција, пак, по четири одиграни рунди е со две победи и два порази, на делба на 67. место од 150 репрезентации.

Се вчитува...