Шахистите завршија на 36. место од 206 држави на Олимпијадата во Узбекистан

Македонските шахисти забележаа одличен настап на 46. Шаховска Олимпијад а која се одржуваше во Самарканд, Узбекистан.

Одличен настап на машката репрезентација, која направи значаен исчекор во однос на стартниот ранг. Македонија стартуваше како 56-та репрезентација по рејтинг, а олимпијадата ја заврши на 36. место во конкуренција на 206 држави, што е потврда дека нашите шахисти можат да се мерат и со најдобрите.

Во последното коло Македонија славеше против Јужноафриканската република со 3-1, и на тој начин се искачи до 36-та позиција на крајот.

Вреди да се издвои најмладиот македонски репрезентативец Антон Златков кој ја освои и третата норма за интернационален мајстор, со што и официјално е нов Интернационален мајстор од Македонија. Покрај Златков, македонската селекција ја претставуваа и интернационалните мајстори, Емил Ристевски, Тони Лазов, Филип Панчевски и Никола Николовски, предводени од селекторот ВМ Трајко Недев.

Женската репрезентација заврши во рамките на своите можности. Од стартен ранг 75, олимпијадата ја завршија на 77-то место во конкуренција на 189 репрезентации. Женската шаховска селекција ја претставуваа Моника Стојковска (ВФМ, Моника Жежовска (ВФМ), Ивана Манова (ВФМ), Сања Трајковска и Катерина Петровска, предводени од селекторот ФМ Љубиша Андоновски.

Се вчитува...