Шаќири и Игњатов со победи стартуваа на клупите на Шкендија и Работнички, „лавовите“ со гол во 90. минута до триумф во Тетово (ВИДЕО)

ПМФЛ – 26. КОЛО….

Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

Алексовски 90′

Велес: БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (1-1)

Ѓорѓевиќ 59′ – Ангелов 11′

Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ (2-0)

Каракамишев 39′, Спахиу 41′

Прилеп: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-3)

Максимов 16′, 46′, Илиевски 66′

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-2)

Маневски 65′, Нафиу 78′

ПРЕТХОДНО

СКОПЈЕ – ШКУПИ 0-0

======================================================================================

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 26. КОЛО ВО ПМФЛ. Артим Шаќири со триумф од 0-2 против Пелистер на гости стартуваше на клупата на Шкендија. Убедлив и Стојанче Игњатов како предводник на Работнички со 0-3 на гостувањето против Брегалница. „Лавовите“ со гол во 90. минута до победа над Ренова во Тетово!

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

0-1 – 90′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Филип Алексовски погодува во 90. минута за водство на „лавовите“


ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-2)

0-2 – 78′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Валмир Нафиу носи предност и од 0-2 за тетовци!

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 65′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одличен продор на Маневски по левата страна и луцидно стрела за водство на гостите


БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-3)

0-3 – 66′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. По нафрлањето од левата страна од слободен удар, Илиевски на вториот дирек во скок со глава од неколку метри носи водство и од 0-3

БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (1-1)

1-1 – 59′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. Крста Ѓорѓевиќ го израмнува резултатот во Велес

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-2)

0-2 – 46′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Само што тргнаа од центарот, по 15 секунди во вториот дел соло акција по десната страна на Максимов и ефектен гол за 0-2

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 26. коло
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ (2-0)

2-0 – 41′ – ГОООООЛ ЗА ТИКВЕШ. Спахиу ја дуплира предноста на кавадарчани

ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ (2-0)

1-0 – 39′ – ГООООООЛ ЗА ТИКВЕШ. Ристе Каракамишев го носи Тиквеш до водство на дуелот против Струга ТЛ


БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

35′ – Убава можност за Брегалница, но Ескиќ со глава од 6-7 метри шутира покрај десниот дирек од голот на Работнички

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 16′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Акција во два потези, Методи Максимов избива сам пред голот на Петровски и од 16 метри прецизно стрела ниско по земја


БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (0-1)

0-1 – 11′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Виктор Ангелов ги носи „пандевци“ до предност на гостувањето во Велес


ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 26. КОЛО ВО ПМФЛ

======================================================================================

Во 26. коло од ПМФЛ, најинтересните пресметки во битката околу поделбата на местата за европски излез. Академија Пандев гостува на Борец, а Шкендија гостува на Пелистер во Битола. Македонија ЃП, пак, гостува на Ренова во Тетово.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...