Шалке 04 се раздели со Франк Крамер

Бундеслигашот Шалке 04 се раздели со тренерот Франк Крамер, потврдија денеска од германскиот клуб. Крамер го презеде клубот од Гелзенкирхен во финишот на минатата сезона и успеа да се врати во елитата.

Сепак, по слабиот старт на сезоната по враќањето во елитата каде на десет натпревари, клубот освои само шест бода од раководството на Шалке одлучија да му се заблагодарат на Крамер.

„По промоцијата, сите се обврзавме на една цел: останување во Бундеслигата. До крајот бевме убедени дека можеме да ја свртиме плимата во сегашната ситуација. Од наша гледна точка, сега дојде време кога треба да направиме кадровски промени. Мораме да освоиме поени на следните пет првенствени натпревари пред извонредно долгата пауза предизвикана од Светското првенство за да можеме потоа да се подготвиме што е можно подобро за втората полусезона“, вели спортскиот директор Рувен Шредер.

Се вчитува...