Шамбери им кажа СТОП на Кире Лазаров и Нант

Францускиот ракометен шампионат од вечерва има нов лидер, откако Нант по седум победи по ред вечерва го претрпе првиот пораз, и тоа на домашен терен од Шамбери со резултат 29-33.

Ракометарите на Шамбери влегоа во натпреварот како второпласирана екипа на табелата и вечерва со беспрекорна игра во нападот го изненадија европскиот вицешампион, заслужено искачувајќи се на врвот во една од најсилните европски лиги.

Кире Лазаров постигна три гола од вкупно шест обиди, најефикасен кај Нант беше Ривера со седум погодоци (пет од нив од пенал), а најзаслужен за триумфот на Шамбери беше голманот Генти со 16 успешни интервенции.

Се вчитува...