Шампионите бесни по драматичниот пораз: Судијата е МВП на мечот!

Минесота славеше со 131-130 против шампионот Голден Стејт во најинтересниот натпревар од синоќешната програма во НБА лигата.

 

Голден Стејт на почетокот од третиот период имаше предност и од +19 поени, но домашните во финишот заиграа далеку подобро стигнаа дури и до пресврт. Сепак, Вориорс преку слободните фрлања на Грин на 20 секунди до крајот стигнаа до 115-115 во регуларниот дел изборувајќи се за продолженија.

А, во продолжението вистинска драма. Кевин Дурант на четири секунди до крајот, при водство на Минесота од 130-127 погоди тројка а требаше да добие и слободно фрлање. Но, судијата пресуди прекршок пред шутот па не ја призна ниту тројката на Дурант. Оваа одлука комплетно ги полуде гостите кои сепак неколку моменти подоцна преку Кари израмнија на 130-130. Но, на половина секунда до крајот судиите носат нова контроверзна одлука досудувајќи прекршок на Дурант над Тоунсон кој од линијата за слободни фрлања донесе победа за својот тим.

 

По натпреварот ѕвездите на Голден Стејт имаа што да кажат за судењето.

„Судијата беше најдобар играч на паркетот. Толку е одличен што свиреше прекршок уште пред да види дали ќе шутирам или ќе ме фаулираат. Тоа што тој го судеше очигледно е свесно против нас“ – рече Дурант, а на кого се дополни и Стеф Кари.

„Која одлука од тие две беше полоша? А, тоа ќе го прашате тој судијата кој е МВП на мечот“.

Се вчитува...