Јованоска моли само за 2.700 евра…., а „Прилепска пиварница“ и „Витаминка“ прокламираат некаква општествена одговорност – само на хартија!

Македонија во спортот и тоа како има свој нескриен потенцијал…, добар дел и во индивидуалните спортови. Македонија има и етаблирани компании кои постојано прокламираат општествена одговорност… Но, очигледно само на хартија.

Македонија во стрелаштвото го има еден од најголемите таленти на Балканот во името на 14-годишната прилепчанка Ирина Јованоска кој е четири години по ред државен шампион на Македонија во дисциплината 10 метри – воздушна пушка. Извонреден потенцијал, дел и од олимписката програма на МОК, со отворена амбиција за настап и на Летните олимписки игри 2020 во Токио. Но, сето тоа залудно, кога не може да си ја дозволи вистинската меѓународна сцена само поради 2.700 евра. Толку чини пушката која и е неопходна за да се приклучи на меѓународната програма. А, нејзиното семејство не може да и ја овозможи…

„Оваа пушка која ја имам ми дозволува само настап согласно националната програма, а за меѓународната програма ми треба нова пушка. А, јас ја надраснав домашната сцена на која освојувам први места во моите категории дури и во машка конкуренција“ – вели Јованоска.

И покрај обраќањето досега нема никаква помош од градот Прилеп, а исклучително мала од одделни државни институции… Но, не сакаат да ја слушнат ниту бројни реномирани прилепски компании на кои тропнала на врата. А, Прилеп ги има и едни од најмоќните домашни компании „Прилепска пиварница“, „Витаминка“…, кои и тоа како обожаваат да прокламираат општествена одговорност. Но, очигледно само на хартија!

„Се обидовме со прилепските компании, но нема слух. Немаме поддршка ниту од градот. Искрено се надеваме дека некој ќе се сети, затоа што дополнителниот развој на потенцијалот и талентот кој го носи Ирина со себе сигурно се од значење и за сите во градот и во државата“ – велат од семејството Јованоски.

Се вчитува...