Шампионката од УС Опен, Бјанка Андреску се повлече од Австралија Опен

Освојувачката на титулата на УС Опен, Бјанка Андреску се повлече од настапот на Австралија Опен за да ја продолжи рехабилитацијата на повредата на коленото. Канаѓанката која е на четвртото место на ВТА листата, повредата ја доби на Финалето на сезоната во октомври. Андреску за титулата во Њујорк ја победи Серена Вилијамс.

„Морам да го почитувам планот за рехабилитација на коленото. Се чувствувам подобро и посилно секој ден, но Австралија Опен е за жал премногу рано во мојот на рехабилитациски процес“ – изјави Андреску.

Бјанка Андреску минатата година беше елиминирана во вотрто коло на грен-слемот во Мелбурн.

 

 

 

Се вчитува...