Шампионот Бањаја со победа ја отвори новата Мото ГП сезона

Со целосна доминација на Дукати и на Бањаја, започна новата сезона во Мото ГП шампионатот. Актуелниот првак беше најбрз на денешната трка во Катар.

Франческо Бањаја не беше најбрз во вчерашниот спринт, но денеска доминираше од почетокот до крајот, и беше далеку подобар од конкуренцијата.

Бренд Биндер со КТМ ги изненади претставниците на Дукати, и се избори за второто место на подиумот, додека третото место му припадна на Хорхе Мартин, добивајќи го дуелот со Марк Маркез.

Се вчитува...