По триумфот пред седум дена во Суперкупот на Македонија, актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје славеше повторно против Куманово, овој пат пред своите навивачи во првото коло од новата сезона во Суперлигата.
„Металците“ триумфираа со 85-77 победнички започнувајќи ја одбраната на 13-та шампионска титула.
Натпреварот беше неизвесен само во првата четвртина која заврши со 19-19, а потоа феноменална втора четвртина за МЗТ која ја доби со 33-19 за предност на паузата од 14 разлика.
Во второто полувреме МЗТ дојде до предност и од 41-26, за да Куманово со одлична серија успее да се доближи до 58-53, а потоа во последната четвртина и до 65-62. Но, на крајот сигурна игра на аеродромци за конечна победа од 85-77.
Адем Мекиќ на фантастичен начин дебитираше за МЗТ Скопје, убедливо најефикасен на мечот со 24 поени, а дополнети со по шест скока и асистенции. Одлични во победничкиот тим беа Варнер и Тадиќ со по 15 поени, Лука Стојановски додаде 13 поени, а Маслинко и Дамјан Стојановски по десет поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
