Оклахома Сити успеа да израмни на 1-1 во финалето на Западната конференција против Сан Антонио откако актуелните шампиони ја добија втората средба на домашен терен со 122-113.
Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека тандер го контролираше резултатот во огромни периоди од натпреварот. Сан Антонио неколку пати се врати од двоцифрена негатива, но спарси немаа сили тоа да го сторат и во самата завршница кога актуелниот првак најпрвин се одлепи резлтатски, а потоа ја задржа предноста до самиот крај.
Гилџус Александер по просечниот прв меч овојпат беше на висина на задачата, актуелниот МВП го заврши натпреварот со 30 поени и 9 асистенции, а Карузо придонесе со 17 поени и 5 асистенции во овој триумф на Оклахома. Вембињама го заврши мечот со дабл-дабл од 21 поен и 17 скокови, Касл беше најефикасен со 25 поени кај Сан Антонио, недоволно за да се стигне и до втор „брејк“ во оваа плејоф-серија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
