Торонто Репторс поведе со 1-0 во финалната серија во НБА лигата, откако на домашен терен го совлада актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс со 118-109.
Натпреварот подобро го отворија домаќините и во текот на целото прво полувреме имаа предност, а на пауза се замина со максимални плус десет (59-49).
Во третата четвртина Вориорси успеаја да се приближат на три поени (90-87), но тоа беше единственото нешто што успеа да го направи шампионот. Торонто влегоа во серија од 10-1 за водство од (100-88) што беше доволно за конечна победа од 118-109 и водство од 1-0 во финалната серија.
Најефикасни во победничкиот табор беа Паскал Сиакам со 32 и Кавај Ленард со 23 поени. Кај Голден Стејт единствен расположен беше Стеф Кари кој уфрли 34 поени. Вториот натпревар на програмата е во ноќта меѓу недела и понеделник во 2 часот по полноќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА