Шампионски танц: Вардар не греши два пати

Вардар се „лизна“ во „Автокоманда“, но „црвено-црните“ уште еднаш го покажаа својот голем квалитет – да бидат најдобри кога е најпотребно. Тоа на своја кожа го почувствува и Металург, кој вечерва немаше никакви шанси против расположените избраници на Раул Гонзалес да приреди поголемо изненадување и да ги замрси сметките во трката за титулата.

Червар се обиде со добро познатиот рецепт „седум на шест“, но Хрватот овојпат не го изненади Раул Гонзалес – кој многу добро знаеше како да ја постави играта на својот тим.

Титулата е на дофат, а оваа убедлива победа е најава дека рутина ќе бидат преостанатите четири средби, своевидни „тренинг мечеви“ како загревање за она вистинското – фајналор турнирот во Келн на почетокот од месец јуни.

[new_royalslider id=”637″]

Се вчитува...