Шампионските прстени на Абдул-Џабар продадени за три милиони долари

Легендарниот Карим Абдул-Џабар продаде четири од шесте шампионски прстени на аукција. Од продажбата доби околу три милиони долари, средства кои ќе одат во хуманитарни цели.

Абдул-Џабар има една шампионска титула со Милвоки и уште пет со Лос Анџелес Лејкерс. Тој реши да продаде четири од трофеите и да ги донира парите во неговата фонадација наменета за деца кои учат во сиромашни училишта.

„Најголемиот дел од парите ќе одат во мојата фондација чија мисија е да им овозможи на децата шанса за „шут кој не може да биде блокиран“. Го правиме тоа со деца кои доѓаат од сиромашни училишта и ги праќаме во национални паркови за да ја почувствуваат природата и за да добиваат научни и технолошки знаења. Нашата надеж е дека нема само да ги изнесеме од градот туку и дека ќе ги мотивираме да се заинтересираат за наука и дека ќе ги исполнат нивните кариери“ – објаснува легендата на НБА лигата.

Карим Абдул-Џабар шест пати беше МВП на НБА лигата, два пати МВП на финалната серија, а како асистент тренер во ЛА Лејкерс освои уште две шампионски титули.

 

Се вчитува...