Шанса за да брани во Премиер-лигата: Свонси го бара Дени Илиев

Македонскиот фудбалски интернационалец Дени Илиев е трансферна цел на англискиот премиерлигаш Свонси, информира „ЕСПН“. Тој е член на Арсенал, но иако е пријавен за настап во Премиер – лигата, засега не добива шанса покрај Петр Чех и Давид Оспина.

Свонси се бори за опстанок во Премиер – лигата, а сака да го доведе Илиев во овој зимски преоден рок. Засега Илиев настапува за тимот У-23 на Арсенал и ја чека својата шанса да се појави на големата сцена. Можеби ќе ја добие токму во составот на Свонси…

Се вчитува...