Шаповалов казнет со 7.000 долари за ударот на судијата

Канадскиот тенисер, Денис Шаповалов, казнет е со 7.000 долари поради инцидентот на мечот од Дејвис купот межу Канада и В.Британија, кога со топчето го погоди во глава главниот судија, Арно Габас.

Тениската репрезентација на В.Британија се пласира во четвртфиналето на Дејвис купот бидејќи 17-годишниот Шаповалов беше дисквалификуван во решавачкиот меч.

Тој во петтиот меч играше против Кајл Едмунд и губеше со 3-6, 4-6, 2-1, изнервиран по аутот, Шаповалов силно го удри топчето и го погоди главниот судија во лицето.

Тоа е неприфатливо однесување. Многу ми е срам. Се чувствувам ужасно што го изневерив својот тим и својата земја. Ова е последен пат да направам вакво нешто“ – рече канадскиот тенисер.

Судијата Габас по инцидентот беше прегледан во болницата во Отава, утврдено е дека нема посериозна повреда на окото, но по враќањето во Франција ќе оди на дополнителни прегледи.

Репрезентацијата на В.Британија во четвртфиналето од Дејвис купот ќе игра против Франција, а Канада во септември ќе игра за останок во Светската група.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/3be27402d7533af8a9ae3c35dd76f189.mp4″]

Се вчитува...