Шарапова ќе добие вајлд – карта за турнирот во Рим

Руската тенисерка Марија Шарапова доби вајлд – карта за настап на турнирот во Рим што ќе се одржи од 10 до 21 мај. Таа во втората половина на април ќе може повторно да се врати на тениските терени, откако ќе и истече суспензијата за користење на „мелдониум“, поради што беше казнета со забрана за настапи од ВТА.

Првиот настап Шарапова ќе го има на турнирот во Штутгарт, а потоа ќе игра и на турнирот во Рим.

„Организаторите на турнирот во Рим се првите кои ме контактираа за да ми понудат вајлд – карта и тоа навистина многу ми значи. Рим отсекогаш бил специјално место во мојата кариера и едвај чекам да се вратам и да заиграм на овој турнир“, изјави руската тенисерка.

Се вчитува...