Шарапова за вајлд – карта за Мастерсот во Мадрид

Русинката Марија Шарапова, поранешната најдобра светска тенисерка, која очекува да истече нејзината забрана за настапи на тениските турнири, поради користење на недозволени стимулативни средства, доби валјд карта од организаторите на Мастерсот во Мадрид што се игра во мај.

Таа всушност ќе се врати на терените во априлм, на турнирот во Штутгарт, но Мастерсот во Мадрид, кој стартува на 5.мај, ќе биде прв за неа од Мастерс – серијата по пауза од 15 месеци.

“Шарапова е поранешна освојувачка на трофејот на турнирот во Мадрид и секако дека би сакале да ја имаме меѓу натпреварувачките. Таа поднесе барање за настап и ќе добие вајлд – карта”, изјави директорот на турнирот, Маноло Сантана.

Се вчитува...