Шарл Леклер го продолжи договорот со Ферари!

Шарл Леклер потпиша нов договор со Ферари, кој ќе го задржи во Маранело уште барем неколку години.

Оваа вест ја објавија Ферари и самиот возач. Должината на договорот се уште не е позната, но се претпоставува дека е минимум пет години.

„Ќе продолжам да давам апсолутно сè за да го вратам тимот таму каде што припаѓа, на самиот врв. За сите во Маранело и пред се, за навивачите, чија страст е главен импулс на Скудерија“, рече Леклер.

Шарл Леклер е со Ферари од 2019 година, а претходниот договор го потпиша до 2029 година. Иако имаше многу несогласувања со тимот, што можеше да се заклучи од не толку пријатните разговори за време на трката преку радио врска, сепак беше воспоставена соработка, што јасно покажува дека Ферари го гледа како лидер на проектот.

Се вчитува...