Полскиот голман Војчек Шчешни важи за страстен пушач што е реткост кога станува збор за професионалните фудбалери. Тој редовно конзумира цигари и никогаш не го крие ова задоволство од тренерите.
Говорејќи за полските медиуми откри и интересен разговор со тренерот на Барслеона, Ханси Флик кој не му забранува за „задоволството“, но само под еден услов.
„Тренерот и јас седнавме во сауна и го прашав што мисли за мојата навика. Ми кажа дека му е важно само каков сум на теренот. Додека сум супер професионалец, не му е грижа. Ми кажа дека можам да пушам и на прославата на шампионската титула“, откри искусниот голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

