Шефити потпиша за Ал Ороба во ОАЕ

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Шефит Шефити својата кариера ќе ја продолжи во екипата на Ал Ороба во Обединетите Арапски Емирати.

28-годишниот напаѓач останува во оваа земја откако претходно изминатава сезона настапуваше за екипата на Хата каде пристигна од редовите на Арсими.

Screenshot

Шефити, кој потекнува од фудбалската школа на тетовска Шкендија, претходно во кариерата има настапи и за Ренова и Беса во македонскиот шампионат, како и за косовска Приштина.

Се вчитува...