Шеји: Емотивно враќање за мене во Струга, но Шкупи мора на победа

Пресметката меѓу Струга ТЛ и Шкупи на охридското крајбрежје е еден од најинтересните дуели од денешното 4. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Струга ТЛ одлично ја почна сезоната, секогаш издвојувајќи се како екипа со амбиции за највисок пласман. Но, од друга страна Шкупи атакува на шампионската титула сезонава поради што желбата за три бода е присутна на секој натпревар.

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Блертон Шеји ова лето од Струга ТЛ се пресели во Шкупи поради што токму враќањето во Струга за него има посебно значење.

„Враќањето во Струга, играњето против Струга Трим Лум за мене носи посебни емоции. Тоа е тимот каде што ја започнав кариерата, ова ќе биде специјален натпревар за мене. Јасно е дека ќе биде тежок дуел, домашните се многу добар состав, но добро ги анализиравме и максимално сме подготвени за позитивен резултат. Не е тајна дека Шкупи и на ова гостување, како и на секој натпревар, ќе оди на три бода“ – вели бекот на чаирчани.

ПМФЛ – 4. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

Велес: БОРЕЦ – БРЕГАЛНИЦА

Скопје: СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ

Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (20 ч.)

Се вчитува...