Шејн Ларкин е нов кошаркар на Фенербахче

Еден од најдобрите плејмејкери во историјата на Евролига, Шејн Ларкин, официјално е нов кошаркар на Фенербахче.

По осум сезони минати во Анадолу Ефес, за време на кои стана клупска легенда и освои две последователни европски шампионски титули, искусниот организатор на играта одлучи да ја продолжи кариерата во редовите на големиот ривал од Истанбул.

Според информациите на „BasketNews“, Ларкин платил околу 400.000 долари од сопствен џеб за да го раскине договорот со Ефес една година пред неговото истекување.

На тој начин, тој се откажал од износот што одговара на неговата последна месечна плата за да ги добие потребните документи и да потпише за Фенербахче. Ларкин пристигна во Ефес во 2018 година, по една сезона помината во НБА, а претходно својата европска кариера ја започна во Басконија.

Со тимот на Анадолу Ефес, тој освои последователни титули во Евролигата во 2021 и 2022 година и беше еден од најзаслужните за најуспешниот период во историјата на клубот.

Се вчитува...