Шекил О’Нил, по извонредните партии на Лука Дончиќ, како што вели, одбива да биде дел од војската на неговите слепи обожаватели како што се Леброн Џејмс, Стеф Кари, Двејн Вејд…
Словенецот од натпревар на натпревар руши се повеќе НБА рекорди, но Шекил, кој е коментаторска ѕвезда на ТНТ, не сака да биде дел од целокупната фама која се создава околу Дончиќ. Неговиот колега Чарлс Баркли, пак, му одговара на О’Нил дека така се чувствува само затоа што сите се залудени од Дончиќ, а тоа го иритира.
„Не е вистина дека ме иритира тоа што сите се воодушевуваат, само малку им порачувам на луѓето малку да го намалат доживувањето околу Дончиќ. Тој е одличен кошаркар, но само го прави тоа што веќе сум го видел многу пати од другите ѕвезди. Ништо ново. Веќе сум видел таков играч, се вика Стеф Кари. Веќе сум видел таков играч, се вика Џејмс Харден. Се што прави веќе сум го видел и од Демијан Лилард. Затоа само ви кажувам намалете малку со пофалбите. Тој е веќе нешто видено, тоа е се“ – вели Шекил О’Нил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА