Шекил О’Нил: Еј Дрејмонде, мал си за мене, многу мал…

Легендарниот Шекил О’Нил се одлучи да му одговори на кошаркарот на Голден стејт, Дрејмонд Грин.

Грин неодамна изјави дека актуелните играчи од НБА лигата лесно би ги добивале сите оние ѕвезди од минатото, меѓу кои и О’Нил, кои сега само делат совети а играле многу поедноставна кошарка. Па, Шекил не можеше да премолчи…

„Ако ја гледате сегашната ера, Дрејмонд во мое време сигурно брзо би излегол од игра затоа што би добил три брзи лични грешки. Ако се вратиме на мое време, не би ни играле со Голден стејт затоа што би биле седми-осми на Западот. Во мое време тимови беа Лејкерс, Сан Антонио, Сакраменто, Јута, Портланд… Голден стејт се ништо“ – одговори О’Нил и дополни:

„Лесно би го фатиле Стев Кари во замка. Лесно ќе го решевме да не може воопшто да се врати во игра. Затоа доста господине Дрејмонд. Мал си, премногу мал за мене. Затоа престани“.

Се вчитува...