Зборовите на Шекил О’Нил дека европската кошарка е подобра од НБА-лигата бидејќи во сите натпревари се игра максимално, во целост ги оправдаа екипите на Жалгирис и Олимпијакос со фантастичен натпревар.
Легендарниот центар во живо го следеше натпреварот во Каунас кој му припадна на актуелниот европски шампион со 91:93.
Првата четвртина му припадна на домашниот тим, а Олимпијакос во вторите десет минути заигра подобра и со серијата која ја режираа Папаниколау, Фурние и Монтеро дојде до предност од 30:37.
Жалгирис се врати во игра, а Карсен Ердвард со тројката за 44:42 го воодушеви О’Нил кој од првиот ред во друштво на Арвидас Сабонис го следеше мечот. Сепак, на одмор се замина со нерешени 44:44 и тоа благодарение на поените на Дорси.
From iconic NBA battles to a legendary linkup in Kaunas. ✌️💚 pic.twitter.com/bZka9NfhMG
— BC Zalgiris Kaunas (@bczalgiris) September 29, 2026
Во второто полувреме, екипите се менуваа во водство, а како наближуваше крајот на мечот, така играта беше подобра. Стерлинг Браун даде три тројки, но Олимпијакос имаше одговор на тоа и во последната минута од мечот влезе до предност од 88:90 благодарение на тројката на Фурние.
По тајм-аутот, Тубелис промаши шут за три поени, по што Монтеро реализира две слободни фрлања. Стерлинг Браун со нова тројка го донесе Жалгирис на 91:92, но во последниот напад, Фурние погоди едно слободно фрлање кое се покажа како доволно за победа.
Браун со 20 поени беше најефикасен кај Жалгирис, додека Саша Везенков со 18 поени ја предводеше листата на стрелци кај Олимпијакос.
Реал Мадрид го доживеа и вториот пораз во вториот меч на стартот од Евролигата. „Кралевите“ се поразени на гостувањето во Истанбул кај Ефес со 94:84
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
