Во фудбалот вечна дилема е кој е подобар, Меси или Роналдо, а кога станува збор за НБА-лигата, тука главната расправија е за големината на Мајкл Џордан и дали Коби Брајант и Леброн Џејмс успеаја да ја достигнат величината на легендата на Чикаго.
Својот став во дискусија на темата го даде и Шекил О’Нил, доминантниот центар кој во текот на кариерата имаше можност да настапува во ист тим со Коби Брајант, а потоа и со Леброн Џејмс.
„Споредбите се нормална работа, кога влезе во лигата Пени Хардавеј сите велеа дека тој е новиот Меџик Џонсон, а за мене се зборуваше дека сум младиот Карим Абдул Џабар. Кога влезе во лигата, Коби беше младиот Мајкл Џордан, а низ годините тој стана новиот Мајкл Џордан. А кога го гледате Леброн, тој е „микс“ од нив двајца“, истакна Шекил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА