Шекил О’Нил: Засекогаш ќе недостигаш, брате мој

Шекил О’Нил и Коби Брајант беа неверојатен тандем додека го носеа дресот на ЛА Лејкерс. Останаа големи пријатели и потоа, а горостасот не може да верува дека веќе ја нема „црната мамба“.

„Немам зборови да опишам каква е сега болката што ја имам. Го загубив мојот пријател, мојот брат, мојот партнер со кого освојував трофеи, мојот човек и мојата внука Џиџи. Те сакам брате, засекогаш ќе недостигаш. Сочувство до семејството Брајант и до семејството на другите патници во хеликоптерот“, напиша Шекил О’Нил во пораката.

Се вчитува...