Шекил: Во ЛА Лејкерс беа вљубени во Коби, не во мене

Шекил О’Нил секогаш е интересно име за јавноста, а легендарниот центар во последното гостување во американските медиуми се осврна на времето минато во ЛА Лејкерс.

Тој доминираше во лигата во тандем со Коби Брајант, освои три шампионски прстени во низа од 2000 до 2003 година, но во 2004 сепак реши да си замине од Ел-Еј и да се пресели во Мајами.

„Една од причините што почнав да размислувам за заминување беше што сите во клубот беа вљубени во Коби не во мене. Не можам да кажам дека се чувствував премногу сакано во Лос Анџелес… А кога сте некој како мене, некој што има високо мислење за себе, разбирам дека е тешко да се соработува. Се требаше да биде правено онака како што јас сакав, а луѓето многу често не се согласував со тоа. Кога си заминав, подобро ги разбрав двете страни од приказната“, истакна Шекил.

Се вчитува...