Возбудувањата во Евролигата продолжуваат вечерва со двата дуели од плејин натпреварувањето, победникот од Панатинаикос – Монако ќе оди во плејоф како седмопласиран, додека Барселона и Црвена Звезда ќе се сретнат во вториот вечерашен дуел, во кој победникот ќе игра уште еден дуел за тоа толку посакувано осмо место (против поразениот од мечот во Атина), а поразениот и дефинитивно ќе ги заврши овосезонскот европски настап.
Торнике Шенгелија е максимално мотивиран пред вечерашниот, потсетувајќи дека Барселона сезонава веќе има две победи над Црвена Звезда, но и предупредува дека тоа никако не смее да доведе до опуштање во редовите на каталонскиот гигант.
„Тие загубија два пати од нас и сигурно ќе дојдат максимално мотивирани. Ние знаеме дека можеме да ги победиме и трет пат, но од друга страна и дека не смееме да се опуштиме. Мораме да влеземе со позитивен став, но и со ладни глави. Секако играме со ривал што го почитуваме, свесни сме за потенцијалот на Црвена Звезда, но исто така и дека знаеме како можеме да ги победиме. Сакаме во плејофот, првиот чекор е победа вечерва и ќе сториме се за да дојдеме до неа“, изјави Шенгелија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
