Шенсои: Заслужено до бодовите, но не сме за фалење

Стратегот на Пелистер, Наџи Шенсои е задоволен што „зелените“ стигнаа до посакуваните три бода од пресметката со Брегалница во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига. Но, реално критички осврнувајќи се на својот тим, потенцираше дека пофалбите не ги заслужи Пелистер но тимот на Брегалцани.

„Може да кажам дека заслужено стигнавме до трите бода. Имавме многу шанси во вториот дел, а искористивме една на крајот. Но, секако не сме ние тимот за пофалби. Ако треба да се искажат пофалби и честитки тоа е за Брегалница која покажа како се игра со фудбалер помалку, трпеливо, мудро, сигурно“ – рече Шенсои по мечот во Охрид и дополни:

„Уште на полувремето ги опоменав фудбалерите кои приметив дека беа премногу опуштени. На крајот со неколку измени ја освежив играта а тој мајсторски потег на Силва ни донесе триумф. Оваа победа е добредојдена, пред се од психолошки аспект, по она претходно реми со Победа“.

Се вчитува...