Првакот на Молдавија, Шериф Тираспол, е ривалот на Шкендија во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Овој тим го елиминира Торпедо од Грузија, совладувајќи го на домашен терен со 3-0. По првиот меч, грузискиот тим имаше предност од 2-1, но не успеа да ја задржи.
Шериф беше надмоќен на овој втор дуел. Водство донесе Бадибанга, а потоа Жоалисон уште двапати ја тресеше мрежата на противникот.
Првиот натпревар ќе се игра на 24/25 јули, додека реваншот ќе следи на 31 јули/1 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА