Шешири: Шпанија и Англија не се носители на СП

Со завршувањето на последниот бараж меѓу Перу и Нов Зеланд веќе нема никакви дилеми ниту кога станува збор за изгледот на шеширите за ждребот за групната фаза за СП 2018, што на 1 декември ќе се одржи во Москва. Перуанците со овој триумф си обезбедија и место во вториот шешир, што не им одговараше на Данците, кои во случај на успех на Нов Зеланд ќе беа меѓу второрангираните, како и на Србите, кои се во последниот шешир иако имаа шанса за влез во третиот шешир доколку Перу беше елиминиран.

Она што е интересно е што меѓу носителите ги нема Шпанија и Англија, кои сигурно ќе  бидат селекции што сите ќе сакаат да ги избегнат кога станува збор за вториот шешир, во кој друштво им прават Хрватска, незгодната Швајцарија, како и Уругвај, Колумбија, Мексико и Перу.

Носители покрај домаќинот Русија и светскиот првак Германија се уште и Бразил, Аргентина, Португалија, Белгија, Франција и селекцијата на Полска.

sesiri sp

Се вчитува...