Шест години затвор за ракометната легенда

Поранешниот шпански ракометар, Инаки Урдангарин, осуден е на шест години и три месеци затвор за проневера на шест милиони евра во „случајот Ноос“.

Легендарниот ракомет кој е во брак со шпанската принцеза Кристина, во 2011 година беше осуден за проневера на јавни пари по периодот од 2004 година, преку сопствената непрофитна организација, но и за политичка корупција во која ја искористувал и својата титула војвода од Палма де Мајорка, која кралот му ја одзеде во 2015 година токму поради овој случај.

Во истиот случај под сомнение беше и неговата сопруга Кристина, но сестрата на шпанскиот крал Фелипе е ослободена од вината, но ќе мора да плати парична казна за јавна одговорност.

Урдангарин целата клупска кариера ја помина во Барселона. Славната “седумка“ со Барса освои шест титули европски првак и 10 шампионски титули во Шпанија. Со репрезентацијата на Шпанија освои и две олимписки бронзи.

Во споменатиот „случај Ноос“, откриено е дека Урдангарин испраќал големи суми на банкарски сметки во Белизе и во В.Британија. Кралот Хуан Карлос по отворањето на случајот му порача дека „правдата е еднаква за сите и дека мора да одговара“. Сега, после шест години од отворањето на случајот и Инаки се увери во тоа.

Шпанските медиуми информираа дека после пресудата, Барселона нема да ја тргне неговата „пензионирана седумка“ од Палау Блауграна бидејќи, како што велат, таа почест ја има исклучително поради спортските резултати како ракометна легенда.

Се вчитува...