Шест од македонските кикбокс репрезентативци денеска ги почнуваат своите натпревари на Светското превснтво во кик бокс за постари кадети и јуниори кое се одржува во Лидо де Јесоло, Италија.
Први на борилиштата ќе се појават Драган Пнадев, Димитар Јачев, Марко Баснарков, Милан Нешевски, Давид Атанасовски и Глигор Николов.
„Познати ни се противниците на голем дел од нашите борци синоќа заеднички ја планиравме тактиката и начинот на борба со секој посебно за неговиот противник. Очекувам добри борби со победи и, пред се, посакувам да немаме повреди кај нашите натпреварувачи“, вели селекторот Дејан Митровски-Урко.

Вчера се одржа и свеченото отворање на шампионатот на кое беше присутна и нашата конзулка во Генералниот конзулат на Македонија во Венеција, Фросина Ременска, која одржа пригоден говор.

Во своето обраќање, таа ги поздрави сите земји учеснички, нивните натпреварувачи и официјални претставници, посакувајќи им многу среќа и успех на шампионатот. На македонските натпреварувачи им посака успешни настапи и освојување на многу медали, со што достојно ќе ја претстават нашата земја.

Се одржа и годишното собрание на ВАКО Светската федерација на кое присуствуваа и македонските делегати, претседателот Дејан Митровски – Урко како и генералниот секретар на федерацијата, Драган Атанасовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
