ЕКИПА ВО ЉУБЉАНА,
Никола Станикевски
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето кај Словенија со 2-0 во натпревар од второто коло од Б-дивизијата од новата сезона во Лигата на нации. И шести натпревар во низа под водство на Гоце Седлоски, Македонија е без постигнат погодок, а вечерва повторно имавме само еден упатен удар рамките на голот на просечна репрезентација како Словенија која со ништо не покажа дека играчки е надмоќна над македонскиот тим. А, тактички? Тоа е за подетални анализи.
Веќе сериозен проблем е тоа што на шест меча под водство на Седлоски, Македонија има упатено вкупно шест удари во рамките на голот на противникот, што би се рекло просечно по еден на натпревар!!? И дефинитивно премалку за национален тим кој пред помалку од една година обезбеди пласман во бараж за Светско првенство!
Љубљана останува уште една епизода за заборав на македонскиот фудбал… Со исклучок на „Фалангата“ која секогаш е тука со поддршка!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА











