„Шестка“ на Манасков, Веспрем трет на својот турнир

Дејан Манасков беше во главна улога на денешниот дуел меѓу Веспрем и Целје, во „малото финале“ од турнирот чиј домаќин беше унгарскиот ракометен гигант. Веспрем на крајот триумфираше со резултат 29-27, а Манасков беше одличен во тимот на тренерот Врањеш, постигнувајќи шест погодоци во мрежата на словенечкиот шампион.

Претходно, Веспрем во полуфиналето неочекувано беше поразен од екипата на Висла Плоцк со резултат 41-42, меч на кој Манасков четири пати се запиша меѓу стрелците.

Шампионот на турнирот во Веспрем е полскиот гигант Кјелце, кој во финалето го совлада тимот на Висла со резултат 33-28.

Се вчитува...