Шевченко: Имаме четири дена да ја анализираме Македонија

Македонската фудбалска репрезентација вчера доживеа пораз од Австрија во деби настапот на Европските првенства. Селекцијата на Австрија беше подобра и ги порази македонските фудбалери со резултат од 3-1. Следен натпревар на Македонија ќе биде Украина во четврток. Украинците против Холандија во поразот од 3-2 покажаа дека знаат да бидат опасна селекција.

Следен предизвик на Шевченко и неговите фудбалери ќе биде Македонија, па селекторот на Украина најави дека во следните четири дена ќе ја анализира македонската репрезентација со цел неговиот тим да биде максимално подготвен.

„Верувам дека ќе бидеме добро расположени за надигрување. Има четири дена до тој натпревар, па ќе видам дали ќе направиме замени. Мора да анализираме кои се нашите проблеми. Ако некој е повреден ќе има замени, имаме квалитетни фудбалери. Ќе ја анализираме играта на Македонија и ќе се подготвиме за натпреварот“, изјави Шевченко.

Се вчитува...